Пановски: Ако се зголеми полицискиот час, ќе се зголемат проблемите!

by Fokus

Микробиологот Никола Пановски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 смета дека сегашните мерки се доволни и секое нивно зголемување ќе биде проблематично за економијата.

„Ако издржат болниците со вакви мерки, мислам дека се доволни за да се спаси економијата. Не гледам што ќе се случи ако полицискиот час е од 17 часот. Комплетно затворање три дена ќе наиде на голем отпор кај населението. Далеку сме од масовно вакцинирање, па ако се зголеми полицискиот час, само ќе се зголемат проблемите. Добро е што е стопирана „Астра Зенека“. Петпати е поевтина од „Фајзер“, индикативно е што баш таа е стопирана. Нема доказ да се поврзе тромбозата со таа вакцина. Треба да се види дали е коинциденција. Вакциниран сум со „Фајзер“, и моите колеги се вакцинирани со таа вакцина. Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза. Антителата се многу високи, втори податоци кои ќе ги ставам на ранг листата е „Спутник“. По 21 ден, на стотици вакцинирани антителата беа многу високи, со антитела над 100“, истакна Пановски.

Поврзани новости