Панова: Свесни дека си заминувате од власт, денеска се амнестирате од криминал

by fokus

„Се повикувате на некакви регулативи, ама ниту една од тие регулативи не кажува дека некој некогаш во Европа и во светот се амнестирал од криминал. Денес вие тоа го правите пред очите на целата македонска јавност, свесни дека си заминувате од власт. Дали некој од Министерството за правда ќе излезе и ќе објасни кои се овие европски регулативи зад кој стои овој закон, не нема, ниту заменичката министерка која е единствена потпишана на овој закон не даде никакво образложение“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова на денешната собраниска седница.

Таа додаде дека овој закон е признание дека оваа Влада скоро 7 години вршела политички прогон врз политички неистомисленици искористувајќи ги членовите на законот кои денес се менуваат.

„Никогаш ова со ниту едни измени нема да може да им надокнадите на луѓето кои ги ставивте по затворите и кој секој ден одеа по затвори, луѓето кои беа уценувани и заплашувани и кои буквално траор доживува од вашето владеење. Со умисла дојдовте на власт, злоупотребувајте ги овие членови“, рече Панова.

Таа истакна дека најголемиот проблем на оваа Влада знаат граѓаните дека тоа е недовербата во институциите.

Поврзани новости