Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница го повика премиерот Димитар Ковачевски наместо да бега, да дојде во Собранието и да ги ислуша пратениците што мислат за францускиот предлог кој што овие два се дискутира во собранието, нагласувајќи дека согласно Деловникот за работа на парламентот, Ковачевски треба да е присутен на истата седница.
„Повторно исто од вчера. Повторно оној истиот кој вчера овде креваше раце за победа овде од говорница затоа што не знаеше што друго да направи, избега. И повторно му дозволувате да избега. А согласно деловникот тој треба да биде тука, на кој да веруваме, кој да прашуваме, кој да не слушне, Османи кој што имаше десет различни изјави, кој што кажува протокол има, протокол нема, ќе ви го покажеме, нема да ви го покажеме, го знаеме, не го знаеме. Ајде да видиме дали Ковачевски го знае тој протокол, нека дојде тука, нека седне овде, да не слушне, нека ги чита коментарите на граѓаните кои што се надвор“, вели Панова.
Панова го повика и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ да дојде во бифето, потсетувајќи го дека ако ништо друго барем може да го посети собраниското бифе и да провери дали на менито има бифтек.