Случајот со струшкиот градоначалник од ДУИ Рамиз Мерко и ставањето на црната листа на САД всушност покажува дека токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
И она што можеме со сигурност да го кажеме е дека случајот Мерко ни покажа како вистински владеат СДС и ДУИ и денес да се биде криминалец во Македонија најверојатно е најлесната работа која што може да се направи, затоа што токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот, кажа Митева.
Митева нагласи дека одлуката на Стејт Департментот го потврди криминалот и корупцијата во владата на СДС и ДУИ.
Според пратеничката Ели Панова, американската црна листа на која се ставаат лица за кои што САД имаат докази дека се инволвирани во криминал и корупција, за власта предводена од Социјалдемократскиот сојуз и Демократската унија за интеграција, која што се наоѓа на црната листа на македонскиот народ, не им значи ништо.
Таа додаде дека конечно, македонските парвосудни органи, треба да почанат да функционираат и да делуваат без да користат двојни стандарди и сите лица за кои постојат основни сомненија за сторени криминални и корупциски дејствија, да дибат спроведени пред лицето на правдата.
-За функционери кои се на црната листа на македонскиот народ, ваквата листа на Соединетите Американски Држави не значи ништо и веројатно ќе се обидат за неколку дена да ја затворат оваа тема, како што ги затвараат сите други теми кои што се поврзани со висок криминал и корупција, кој што всушност се случува во редовите на ДУИ и СДСМ. Но, она кое што во суштина би требало да значи една ваква црна листа на САД на една влада која што има искрени аспирации ко Европската Унија, е нешто сосема друго. Веројатно тоа би значело дека е дадена една голема задача на правосудниот систем во Република Македонија кој што всушност конечно мора да отпочне да функционира без двојни стандарди, рече Панова.
Во однос на последниот случај од пред неколку дена каде што висок функционер на ДУИ и нејзин градоначалник на Струга, Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД , Панова изрази убедување дека ако Мерко, веројатно беше припадник на било која друга политичка партија или, пак, ВМРО-ДПМНЕ веројатно до денес веќе ќе беше во притвор.