Паника во Брисел, можен терористички напад во метрото

by Fokus

На социјалните мрежи се споделуваат информации за закана од можен терористички напад во бриселското метро.

На адресата на Европската комисија пристигнале две заканувачки пораки за експлозии на руски јазик, за што била информирана и полицијата во Брисел.

Во мејлот се наведува дека експлозиите ќе се случат денеска, пишува Bruxelles Times.

Американската амбасада соопшти и дека упатила итно предупредување до граѓаните, од каде се бара да избегнуваат гужви, да се трудат да бидат незабележителни, како и да ги следат локалните медиуми и да се информираат.

Bruxelles Times наведува дека на социјалните мрежи кружат непроверени информации за потенцијален терористички напад на метро линиите 2 и 6 во Брисел.

Белгискиот национален кризен центар посочи дека заканата доведе до дополнително ниво на претпазливост, но дека одредени индикации сугерираат дека нападот е малку веројатен.

 

Поврзани новости