Паника во Бејрут: луѓето ги напуштија своите домови поради страв од израелски воздушни напади

by Fokus

Во пресрет на најавата за прекин на огнот, жителите на либанската престолнина Бејрут вечерва излегоа на улиците, јавува Anadolu.

Имено, израелската армија издаде нови предупредувања за напад на Бејрут, во екот на најавите за евентуално неизбежно прогласување на прекин на огнот по предлогот поддржан од Соединетите Американски Држави.

Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на израелската војска Авичај Адраи рече дека цел ќе бидат и филијалите на финансиската институција на Хезболах, која има филијали во многу региони на Бејрут.

По изјавата, многу жители на Бејрут ги напуштија своите домови поради загриженост дека Израел ќе изврши воздушни напади низ главниот град.

Луѓето во Бејрут излегоа на улиците и се упатија кон областите за кои сметаат дека се побезбедни. Сообраќајот во многу делови од градот е отежнат поради метеж, многу луѓе пеш ги напуштаат областите кои се сметаат за можни цели на напади.

Поврзани новости