520
Британската национална метеоролошка служба денеска прогласи вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини за делови во земјата во понеделник и во вторник. Се тврди дека температурите може да бидат рекордни.
– Вонредни, можеби рекордни, температури се веројатни во понеделник, а потоа и во вторник, соопшти службата на својот сајт.
Во Велика Британија „веројатно и ноќите ќе бидат исклучително топли, особено во градските области“, што се чини во голема мера „ќе влијае врз луѓето и врз инфраструктурата“.
Највисоката евидентирана температура во Велика Британија изнесува 38,7 степени Целзиусови и регистрирана е на 25 јули 2019 година во Ботаничката градина на универзитетот Кембриџ.