Александар Пандов вечерва во гостувањето на Канал 5 рече дека смета дека сега ќе биде решен спорот за името, бидејќи првпат македонски премиер прифатил ерга омнес.
-Грција не може да излезе од оваа ситуација. Јас гарантирам дека ова сега ќе биде завршено, дали тоа ќе биде Илинденска или некоја друга. Сите седум точки на Нимиц се исполнети. Ние знаеме дека се разговара околу име, сега дознавме дека тоа било повеќе точки. Првпат имаме ситуација кога премиер на Македонија и министер се согласиле на ерга омнес. Ги имавме Грците кои инсистираа на ерга омнес и самото името Северна, Горна, Илинденска, тоа е чиста формалност. Ова беше тешкото да можат да го договорат. На Грците не им пречи ова или она, туку им пречи постоењето на Македонија и на Македонците. Во Беломорска Македонија илјадници Македонци се асимилирани и тие се кажуваат како Грци, вели Пандов.