286
Владата го назначи Александар Пандов за нов вд директор на Управата за извршување на санкции.
Пандов е дипломиран историчар на Институтот по историја на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Бил пратеник во македонското Собрание од 1998 до 2002 година. Пандов има работно искуство во приватниот сектор.
Тој на својот Фејсбук профил по назначувањето напиша:
„На денешната седница на Влада избран сум за директор на Управата за извршување санкции. Голема благодараност до премиерот Христијан Мицкоски! Честа да се работи за Македонија е огромна, а јас ветувам дека ќе работам чесно и посветено“.