Пандов: Граѓаните увидоа колку власта на СДСМ е неспособна

by Fokus

Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Жешко политичко лето“ во Канал 5 телевизија, упати силни критики кон актуелната владејачка гарнитура, за како таа се справува со локалните проблеми во земјава.

-Граѓаните имаа четири години да увидат што е неспособна, некадарна, немотивирана власт, власт која се грижи само за своите сопствени интереси, која гледа само што повеќе партиски луѓе да вработи по општините и како оваа власт се справува со било какви локални проблеми, вели Пандов.

Тој истакна дека разликата е огромна, а граѓаните можеа да увидат во овие четири години како ВМРО-ДПМНЕ се справувало со локалните проблеми, колку градинки, патишта, игралишта, објекти, спомен обележја биле изградени, додека сега градоначалниците на СДСМ ретко да имаат со нешто да се пофалат дека сработиле во овие години.

Поврзани новости