Пандов: Го прославувавме пензионирањето на Неделковски, бевме во станица да дадеме изјави

by fokus

По информацијата дека синоќа во кафеана биле приведени 18 лица, меѓу кои и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, екс судијата Владимир Панчевски, Миленко Неделковски, Пандов појаснува дека во 21.25 часот веќе си заминувале од локалот.

Тој за „360 степени“ потврдил дека вчера заедно со Неделковски и Митовски биле на прослава по повод пензионирањето на Неделковски. Според него, во 21:25 часот тие веќе заминувале од локалот, но ги пресретнала полицијата и ги повикала да дадат изјави во полициската станица во Гази Баба.

„Точно е дека јас и мојата партнерка бевме во локалот по повод пензионирањето на Неделковски. Јас на себе немав часовник, но мислам дека беше околу 21:25 часот или можеби и 21:30 часот и веќе бевме надвор пред локалот кога полицијата нè повика да отидеме да дадеме изјава. Беа сосема коректни во односот, ние отидовме дадовме изјава и тоа беше тоа. Јас првпат влегувам во полициска станица, претходно сум немал вакво искуство, изјавил Пандов за „360 степени“.

Од СВР-Скопје за овој настан извествуаат дека на 26 февруари во 22:00 часот кај нив било пријавено дека угостителски објект на ул. „6“ во с. Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости.

„Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица. Тие се приведени во полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од ковид-19“, соопшти СВР Скопје.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани новости