400
Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во вечерашното гостување на „Клик плус“ на ТВ21 откри дека го нема ажурирано членството во партијата.
-Не сум нашол за сходно дека треба да го ажурирам. Подобро се чувствувам во оваа позиција, да бидам независен. Членството во партија ве обврзува. Јас секако дека потекнувам изворно и целото мое политичко битисување претходно било во ВМРО-ДПМНЕ, ги делам најголем дел од ставовите со ВМРО-ДПМНЕ. Не сум во ниту едно тело на партијата и моето настапување е крајно независно. Таа позиција ми прави да се чувствувам послободно – рече Пандов.