588
Ситуацијата околу ракометарот Стојанче Стоилов на нозе ја крена јавноста во Македонија.
Најпрво неговото напуштање на настанот за избор на спортист на годината, па и одлуката на новинарот на МРТ 2 да не го коментира по неговото презиме на СП.
Според поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, негов личен избор да го истакнува патриотското чувство на јавен настан.
„Трендот во Македонија е сега да е грев да се кажуваш како Македонец. До таму е дојдено тоа, да тие спортисти стануваат трн во око на одредени владини првенци да бараат суспензија и да ги негираат тотално“, истакна Пандов во „Отворено“ на Алфа.