Аналитичарот Александар Пандов по вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ се обрати до премиерот Зоран Заев, кому му порачува дека политичкиот противник, Христијан Мицкоски му бил многу спремен и мотивиран.
„Тоа што ти многу добро го разбираш, доматите и пиперките, јас да бидам искрен сега правам почетни чекори и фала богу добро ми оди, но еве ти рака дека ти си експерт за градинарство. Од друга страна друже Заев јас нешто што многу добро го разбирам се: протестите, собирите, митинзите, па муабетов ми беше за синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на Република Македонија. Што да ти кажам, лошо друже. Едно што противникот ти се погоди многу спремен и мотивиран, него на ова црнило, страв и терор во кој ја бутна Македонија, да ти излезе онолку народ значи само едно, дека на наредните избори друже, во март или април до година, ќе го јадеш за сите пари што ги имаш цицнато“, напиша Пандов.