Пандев за „Фокус“: Овие јунаци нема да застанат тука!

by Fokus

Некогашниот капитен на македонската фудбалска репрезентацја, Горан Пандев не го криеше задоволството од обезбедениот бараж на нашата селекција за настап на СП 2022 во Катар.

Тој во изјава за „Фокус“ кратко порача дека верува во овие фудбалери, со кои претходно настапуваше на Европското првенство.

„Пресреќен сум за дечките. Тие го заслужуваат тоа. Добро го познавам нивниот квалитет и знам дека нема да застанат тука овие јунаци. Фудбалерите ќе не радуваат уште многу“,  истакна Пандев за „Фокус“.

Тој се повлече од репрезентативниот фудбал ова лето, а негов последен меч беше дуелот против селекцијата на Холандија.

Фото – ФФМ

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости