757
Македонската легенда Горан Пандев во интервју за „Фокус“ говореше за најголемиот спортски успех во 2020 година и пласманот на ЕП на македонскиот национален тим. Според него, оваа репрезентација има уште многу да покаже на тоа големо натпреварување.
„Шансите на ЕП не ни се мали. Јас верувам во овие играчи, имаме голем квалитет и на чело со овој селектор мислам дека можеме да направиме едно големо изненадување. Убеден сум дека оваа репрезентација не го кажала последниот збор“, категоричен е играчот на Џенова.
Јорданчо Цветаноски