Пандев стана прв балкански фудбалер со 100 гола во Серија А

by fokus

Македонскиот капитен и репрезентативец Горан Пандев мина многу години во Италија и притоа остави голема трага во Серија А.

Пандев настапуваше во екипите на Лацио, Наполи, Интер и сега го носи дресот на Џенова, а на 37-годишна возраст стигна до бројката од 100 голови во Серија А.

На тој начин, тој стана единствен фудбалер од Балканот, кој успеал да оствари таков рекорд.

Поврзани новости