555
Најдобриот македонски фудбалер и некогашен репрезентативец, Горан Пандев даде силна поддршка преку социјалните мрежи за неговите довчерашни соиграчи од националниот тим.
Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра вечерва од 20.45 часот и е првата пречка пред нашата селекција за евентуален пласман во финалето за учество на СП во Катар.
„Forza момци Македонци“, напиша Пандев на социјалните мрежи и никогаш не ја криел радоста што репрезентацијата е повторно на големата врата во Европа.
Фото – ФФМ