Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев побара мечот против Косово за пласман на Европското првенство, кој е закажан за 26 март, да се одложи.
– За мене пласманот со Македонија на ЕП е многу повеќе од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини, покриени од навивачи во „црвено-жолта“ боја кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме се она што фудбалски го пропуштивме во последниве 20 години. Дајте ни ја шансата за вистински спектакл,дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор од Европското првенство. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа.Но дајте ни можност да го оствариме и се она за што сме сонувале како деца. За доброто на сите, одложете го натпреварот. И заради здравјето и затоа што е фер и спортски, напиша Пандев на Инстаграм.