Пандев по победата над Милан: Заслужено победивме голем тим!

by fokus

Македонскиот фудбалски ас Горан Пандев и неговата Џенова вчера направија вистинско изненадување победувајќи го гигантот Милан на гостински терен со резултат 2-1.

Токму нашиот Гоче беше стречец на првиот погодок против „росонерите“ и не го криеше задоволството од значајната победа.

„Навистина важна победа за Џенова, а тренерот Никола цело време ја држеше атмосферата на тимот на високо ниво. На крајот, заслужено победивме еден голем тим како Милан“, истакна Пандев.

Поврзани новости