Пандев: Обожуваме да нѐ гледаат како аутсајдери на ЕУРО 2020

by fokus

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во интервју за австрискиот весник „Кроне“ порача дека на „црвено-жолтите“ би им одговарала улогата на аутсајдер на претстојното ЕУРО 2020.

– Претпочитам сите да гледаат на нас како аутсајдери за да го покажеме нашиот вистински фудбал. Ние ја обожуваме таа улога, изјави Пандев во интервјуто.

- Advertisements -

Капитенот истакна дека фудбалерите ќе го дадат својот максимум достојно да ја презентираат македонската држава на голема сцена.

– Чувството да се подготвуваш со репрезентацијата за настап на Европското првенство е прекрасно. Ние живееме за нашата земја, сега имаме шанса да ја презентираме на големата сцена и ќе дадеме сè од себе гордо да се бориме за нашето знаме, додаде Пандев.

Поврзани новости