828
Македонскиот репрезентативец од редовите на Џенова, Горан Пандев на маса има нов едногодишен договор од калчолигашот.
Раководството на тимот од „Луиџи Ферарис“ очекува Пандев да се согласи на условите на новиот договор, со што би била негова петта сезона во Џенова.
Нашиот капитен претходно настапуваше во Галатасарај, Наполи, а најголемите успеси ги направи во Интер, со кој освои „триплета“, под водство на Жозе Мурињо.