Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев вечерва преку емотивна објава на Инстаграм и се обрати на нацијата.
Напиша дека оваа генерација фудбалери ја обедини цела Македонија и ги повика граѓаните да навиваат за нив. Напомена дека ова можеби се неговите последни натпревари во дресот на Македонија.
-Дојде и тој ден кога почнува европското првенство. Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера. МАКЕДОНИЈА да игра на едно вакво големо натпреварување. Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да ви се обратам на цела нација:
Оваа генерација е најсветото нешто на МАКЕДОНСКИОТ фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија. Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес . Сонот го испишавме, одиме да испишеме Историја. Бидете со нас и навивајте за МАКЕДОНИЈА, напиша Пандев.
ФОТО: Перо Стојановски