Пандемијата на новиот корона вирус втора во 21 век, по свинскиот грип од 2009 година

by fokus

Пандемијата на новиот корона вирус, прогласена од Светската здравствена организација (СЗО) вчера е втора пандемија во овој век, по свинскиот грип Н1N1 во 2009 година, која зарази четвртина од вкупното население во светот.

Директорот на СЗО, Тедрос, Адханон Гебрејессус рече дека е длабоко загрижен за алармантните нивоа на ширење и затоа СЗО проценила дека Kовид-19 може да се оквалификува како пандемија.

Пандемијата се смета ширење нова зараза на глобално ниво.

Додека епидемијата е термин што означува брза ширење заразна болест кај голем број на луѓе во текот на мал временски период, пандемијата е повеќе од географска одредница, што треба да укаже на тоа дека болеста се проширила во голема област.

Самиот збор „пандемија” потекнува од грчките зборови „пан” (сите) и „демо” (луѓе).

Распространета болест во која бројот на заразени лица е стабилен и не се зголемува не подразбира пандемија. Затоа, сезонските појави на грип, иако влијаат врз голем број луѓе ширум светот, не се сметаат за пандемии.

Болеста мора да биде заразна со цел да се прогласи за пандемија. Ракот на пример, одговорен е за голем број смртни случаи, но не се смета за пандемија бидејќи не е заразен.

Пандемијата на грип во 2009 и 2010 година предизвикана од вирусот на грип А (H1N1) беше првата пандемија за која многу земји-членки развија сеопфатен план, во кој ги опишуваат мерките на јавното здравство што треба да се преземат за намалување на заболувањата и смртните случаи .

Вакцината за првпат е развиена, произведена и применета во неколку земји, според веб-страницата на СЗО.

Три пандемии на грип се случиле во интервали од неколку децении во текот на 20 век. Најсериозна била т.н. „шпанска треска“ (предизвикана од вирус А (Х1Н1)), а поблаги пандемии се случиле подоцна во 1957 и 1958 година („Азиски грип„ предизвикан од вирусот А (H2N2) и 1968 година („хонгконшки грип“ предизвикан од вирусот А (H3N2)).

Поврзани новости