631
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа. Направени се 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.Регистрирани сe 543 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.908.017 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086 а бројот на активни случаи изнесува 2.445.