Панделески осомничен во „Империја“: Нема никакво криминално работење во нашите фирми, сакаме да обезбедиме работни места за македонските семејства

by Fokus

Директорот на комбинатот ЗК „Пелагонија“, Цветан Панделески кој е осомничен во новиот случај на СЈО, „Империја“ преку писмено сооопштение истакна дека фирмите работат според законските прописи во државата.

„Компаниите кои што се во сопственост на фамилијата Панделески, и во минатото и денес работат според позитивните законски прописи во државата. Под полна одговорност тврдам дека нема никакво криминално работење во нашите напори, во услови во какви што се наоѓаме како држава, да обезбедиме што поголем број работни места за македонските семејства. Односот на нашите компании кон македонските државни институции и пред се пред македонските закони, секогаш се базирал на транспарентност и одговорност“, се вели во изјавата на Панделески.

Поврзани новости