10
Владимир Блажев – Панчо, вокалистот на групата ДНК во свесна состојба е префрлен во скопската клиника „Систина“ каде е поставен на интензивна нега, јавува „Локално.мк“.
По пожарот кој изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде тој настапуваше со членовите од бендот информациите се дека тој засега е во стабилна состојба.
Претходно се појавија информации дека тој има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е во свесна состојба.