ОЈО поднесе обвинителен предлог против екс-претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски за злоупотреби со АКМИС системот, а тој се терети за злоупотреба на службената положба и овластување.
Во изјава за „Фокус“, Панчевски вели дека, доколку има обвинение, ќе се докажуваат на суд и порача дека ќе продолжи да се бори.
„Не сум добил обвинение, а доколку има ќе се докажуваме на суд, секако правдата е на страна на силата и власта, а јас сум само единка како што трета година се борам против измислици на злото на власт и така ќе продолжам и понатаму. Останува да видиме што СЈО спакувале“, ни изјави Панчевски.
Тој на Фејсбук напиша:
- Со денешниот фингиран предмет за АКМИС системот, власта потонува скоро 47 судии и исто толку јавни обввинители во прв степен, и сите судии кои постапуваат на кривична материја во Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд, Вишото Јавно обвинителство и Јавното обвинителство на Република Македонија. Ако Панчевски е криминалецот што распоредувал предмети, а суделе судии избрани од Судскиот совет во прва степен, а потоа постапувале по жалба и по вонредни правни лекови!
Со ваквиот потег власта амнестира 48 предмети од областа на организираниот криминал и корупција правосилно завршени во сите судски инстанци!
Кои криминалци од висок ранг ги спасува власта, а обвинителството на Јовевски одработува останува да видиме…
Со ова јасно станува чии права потешко се повредени!
Според обвинението, злоупотребите се вршеле во период од три години, помеѓу 23 јануари 2013 година и 14 септември 2016 година.