760
– Немам примено покана, ниту обвинение немам причина да не се јавам пред судот, очигледно е дека се работи за прогон на политиката на власт врз мене како судија бидејки за обвинителен предлог до сега не чуено е да се праќа полиција за обезбедување присуство на прво рочиште за кое дознавам од медиумите. Сега дознав дека судењето е одложено за 18-ти ноември но тоа од медиуми што не се смета за законска и уредна достава. Судот Велес е определен незаконски и спротивно на праксата на Врховниот суд, кога дознав и за денешното рочиште од медиуми пратив барање до судот во Велес да ја преиспита својата надлежност за што е доставена и судска пракса на Врховниот суд во вакви случаи. Праќањето на полиција за прво рочиште ја отсликува реалноста на прогонот и инструираната судска постапка единствено нешто што барам е својата одбрана да ја дадам пред независен и непристрасен суд. Денес и вчера се објавија многу невистини и лажни ексклузивности кои потекнуваат токму од судијата кој го води предметот во Велес, доколку судијата била доблесна ќе ја известела јавноста дека сме генерација од факултет сме имале дружби, а контактите продолжиле и како судии и по семинари во земјата и во странство за што има и фотографии. Со уреден прием на покана за следното рочиште ке започне и судењето за кое гледам јавноста е жестоко заинтересирана, вели Панчевски за Фокус.
Панчевски во моментов е суспендиран од функцијата поради обвинението за АКМИСОТ и нема предмети во свои раце. Денеска требаше да почне судењето против него, но според информациите проблем било што полицијата не можела да го најде Панчевски за да му ја достави поканата. Следното рочиште е закажано за 18- ти ноември.
С.Т.