Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски во вторникот сам се пријавил во затворот во Шутка каде треба да ја издржи две и полгодишната затворска казна. Пначевски се пријави во затвор откако Врховниот суд ги одби неговите барања за преиспитување на правосилната пресуда со којашто е осуден на две и пол години затворска казна којашто му ја одреди Кривичниот суд, а Апелација ја потврди.
Претходно Врховниот суд по безмалку две неделни откако Панчевски влезе во затворот во Шутка, го прифати неговото барање и ја укина пресудата на Апелација за поранешниот претседател на судот, откако тој поднесе барање до Врховен бидејќи не учествувал на јавна седница на Апелација.
По оваа одлука Панчевски излезе од Шутка. Тој првично беше осуден на казна затвор од 3,5 години, но Апелација му ја намали за една година. Беше огласен за виновен за Злоупотреба на службената положба, поточно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година.