516
Панчеввски во телефонски разговор за ТВ 24 обвини дека вчерашниот претрес бил брутален и врз него била применета физичка сила. Испрати порака и до Јанева и до судиите дека ги охрабрува да работат согласно законот.
-Незнаењето на Катица Јанева продолжува. Со ова се постигнати две цели претпоставувам., за изборните резултати за СДСМ и сеење страв во македонското правосудство. Јанева нема да ме заплаши , имам чиста совест. А вчера без да ми бидат посочени правата и без присуство на бранител беше применета сила од припадник на МВР, вели Владимир Панчевски.