Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, по неколку дена бегствo самиот се појавил во истражниот затвор „Скопје“. Информацијата за „Фокус“ ја потврди директорот на затворот Есад Рахиќ.
-Лицето за кое прашувате точно во 12 часот се појави во затворот, по што е прифатен. Испочитувани се сите протоколи, прегледан е и сега две недели ќе биде во изолација, поради мерките кои ги превземаме за заштита од корона вирусот, ни изјави Рахиќ.
На Панчевски пред 4 дена велешкиот суд му одреди мерка притвор, бидејќи не се јавувал на рочиштата за случајот „Акмис“ во кој е обвинет. За него беше распишана и потерница.
Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почне наесен, но поради отсуството на Панчевски се уште не е оддржана главна расправа.
В.В.