Панчевски денеска сам се пријавил во затворот “Шутка”

by fokus

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, денеска сам се пријавил во истражниот затвор “Скопје”.

Тој треба да издржи затворска казна од две и пол години, која му беше досудена за случајот “Акмис”.

Директорот на истражниот затвор “Скопје”, Филип Андов, за “Фокус” ја потврди информацијата, појаснувајќи дека Панчевски сам се пријавил, и е сместен во приемното одделение.

Панчевски првично беше осуден на казна затвор од 3,5 години, но Апелација му ја намали за една година. Беше огласен за виновен за Злоупотреба на службената положба, поточно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година.

Тој беше разрешен од судиската функција поради нестручно и несовесно работење во декември 2019 година, а Врховниот суд неговото разрешување го потврди во јуни 2020 година.

В.В.

Поврзани новости