Панчевски бара 50 000 евра отштета за уривањето на дивоградбата во Центар

by fokus

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, од Општина Центар бара отштета од 50 000 евра поради уривањето на двата ката, за кои општината тврди дека се дивоградба.

Ова следува откако второстепената комисија го поништила решението за уривањето на катовите и го вратила случајот на повторно разгледување. Сепак, за семејството на Панчевски оваа одлука е конечна, па оштетата ќе ја бараат на суд.

-Нашето семејство ја преживува голготата да се брани од злоупотреба на власта со бескрупулозна секојдневна репресија, која Андреј Жерновски не може да се оттргне од корените на своите режимски предци – стои во соопштението од Панчевски.

Од Општина Центар пак, велат дека се работи за ситни технички пропусти во решението, но деке одлуката е законска. Од таму велат дека при повторно разгледување на случајот пак ќе го донесат истото решение.

За случајот со градбата на Панчевски, општина Центар веќе поднесе кривична пријава против првиот човек на судот, за сторено кривично дело бесправно надградување на два ката на зградата во строгиот центар на градот.

Тогаш, Панчевски и неговото семејство самоиницијативно срушија дел од објектот.

Поврзани новости