Панчев го „чепна“ Пандев: Со него губевме од Андора

by fokus

Легендарниот Дарко Панчев е воодушевен од работата на селекторот на фудбалската репрезентација Благоја Милевски и побара од Фудбалската федерација на Македонија да му го продолжи договорот.

„Да сум претседател на Федерацијата, веднаш би му го продолжил договорот на Милевски. Импресиониран сум од неговата работа, концептот и за мене тој е најдобриот македонски селектор“, изјави Панчев, а се наврати и на придонесот на некогашниот капитен, Горан Пандев.

„Неспорно голем е придонесот на Пандев за Македонија. Никој не може да заборави дека тој ни донесе прв пласман на Европско првенство. Но, не може да се заборави и дека со Пандев, Македонија загуби од една Андора. Сега имаме генерација со Барди, Алиоски, Елмас, Адеми. Тие можат да донесат многу радост на Македонија“, додаде Панчев.

Поврзани новости