Панамскиот претседател до Трамп: Каналот припаѓа и ќе продолжи да и припаѓа на Панама

by Fokus

Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, денеска изјави дека Панамскиот канал и припаѓа на Панама и така ќе остане, како одговор на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Каналот припаѓа и ќе продолжи да и припаѓа на Панама“, рече Мулино како одговор на Трамп, кој по заклетвата вети дека ќе ја „врати“ контролата врз Панамскиот канал.

„Морам целосно да ги отфрлам изјавите на претседателот Доналд Трамп, каналот припаѓа и ќе продолжи да и припаѓа на Панама“, објави Мулино на платформата X.

Трамп во своето инаугуративно обраќање рече дека САД ќе го обноват Панамскиот канал, но не даде дополнителни детали. „Целта на нашиот договор и духот на нашиот договор се целосно прекршени“, нагласи Трамп.

Поврзани новости