Palmet Enerji, компанија со долгогодишно искуство на Турскиот енергетски пазар за дистрибуција на природен гас, трговија на големо, како и производство на електрична енергија ги купи IZGAZ фирма во сопственост францускиот гигант ENGIE чија примарна дејност беше дистрибуција на гас, сопственик на централа за производство на електрична енергија со природен гас Baymina, како и на фирмата EPG за инженерски услуги во текот на минатата недела.
Веќе обезбедувајќи услуги за дистрибуција на гас со компаниите PALGAZ и PALEN, Palmet Enerji сега ќе опслужува повеќе од 820 илјади корисници во 2 провинции и 26 окрузи по купувањето на IZGAZ.
Електраната Baymina на гасен погон во Анкара има капацитет за производство на електрична енергија од 770 MW користејќи 2 комплети на гасни турбини GE 9FA и парна турбина GE-ALSTOM.
EPG е компанија за инженеринг и услуги, специјализирана главно во гасоводна инфраструктура и технологии за енергетска ефикасност.
По преземањето, обемот на трговија со гас на Palmet Enerji се зголеми на приближно 6 милијарди кубни метри гас годишно или 12 проценти од годишната потрошувачка на природен гас во Турција. Капацитетот за производство на електрична енергија на Palmet исто така се зголеми на 892 MW.
Покрај своите домашни активности, Palmet Enerji е исто така активен инвеститор и изведувач во Европа и во Канада. Во меѓувреме Palmet Enerji е една од компаниите што ги задоволи критериумите за претквалификација и се избори да премине во втората фаза од тендерот за дистрибуција на природен гас во Северна Македонија
ПР