Палмер: Преспанскиот договор и членството во ЕУ и НАТО се испреплетени

by Фокус

Имплементацијата на Преспанскиот договор е клуч за прогресот на Северна Македонија кон НАТО и кон Европската Унија и овие нешта се испреплетени и взаемно се поддржуваат и зајакнуваат, изјави Метју Палмер, специјален претставник на САД за регионот на Западен Балкан, во интервју за „Вол Стрит Журнал“.

-Не би сакал да предвидувам што би била политиката на ВМРО-ДПМНЕ при промена на власта во Северна Македонија, но можам да кажам што ќе направат Обединетите нации… Нашата поддршка за Преспанскиот договор и негова имплементација ќе продолжи, како и поддршката за земјата на патот кон членство во Европската Унија – рече Палмер.

Тој потенцира дека посакува земјава да продолжи по патеката кон НАТО, изразувајќи надеж дека Шпанија во наредните неколку недели ќе ја забрза постапката за ратификација на Протоколот за членство на земјава во Алијансата.

Поврзани новости