САД се надеваат дека Европскиот совет на 16 октомври ќе донесе одлука за отпочнување на пристаните преговори со Северна Македонија, изјави новоименуваниот американски специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер во интервју за Гласот на Америка.
– Европската комисија предлагаше отпочнување на преговори за членство со Скопје во последниве девет или 10 години по ред. На нашите европски партнери јасно им ја пренесовме нашата позиција. Сметаме дека (отпочнувањето на преговорите) би било многу корисно, вели Палмер.
Сепак, според него и земјава мора да продолжи со спроведувањето на реформската агенда, вклучително и носењето на нов закон за јавното обвинителство.
– За ова прашање во Скопје се водат консултативни преговори. Ние би сакале да соработуваме со Владата на Северна Македонија во поддршка на реформската агенда. Би сакале да и помогнеме на земјата да напредува, додава Палмер.
Тој истакнува дека САД се надеваат оти земјава многу брзо ќе стане 30-та членка на НАТО.
– Идеално за тоа би бил почетокот на декември, потенцира американскиот специјален пратеник за Западен Балкан.