Земјите од Западен Балкан разбираат дека нивната економска иднина лежи во регионалната соработка и интеграцијата во европското семејство на народите и успешната економија, рече Метју Палмер, заменик помошник државен секретар на државниот секретар за Западен Балкан.
На видео самитот организиран од страна на Вашингтонскиот атлантски совет за лидерите на Западен Балкан, Палмер рече дека добар пример за неодамнешна соработка на Западен Балкан е проектот „зелени коридори“, кој беше создаден како одговор на пандемијата на короната, а кои овозможуваат намалување на процедурите за транспорт на стоки во регионот.
-Односите меѓу САД и ЕУ беа, и ќе бидат, доколку мене ме прашувате, фундаментално кооперативни. Имаме иста визија за иднината, ги гледаме земјите од Западен Балкан како членки на Европската унија, како земји што спровеле неопходни реформи, а САД работат во партнерство со ЕУ – рече Палмер.