497
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска оствари средба со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија и со амбасадорот Џес Бејли.
– Ова е втора посета на амбасадорот на САД во општина Кавадарци во изминатите неколку месеци, а прва на Палмер, политичар од највисок ранг што ја посетил кавадаречката локална самоуправа, велат од општинската прес-служба за средбата што ја имал градоначалникот на Кавадарци, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму информираат дека на средбата се разговарало за актуелните политички теми и за развојот на општината.