Ако Палевски е нечиј тогаш е на тие што цела година го организираа, кога мене ми се правеше гилотина пред Собрание, со фрлање на молотови коктели врз МНР, кога се организираше толпата која што сакаше да влезе во зградата на владата при усвојувањето на европскиот предлог, се сеќавате дека таму беше и Палевски, претседателот на Левица и претседателот на ДПМНЕ, рече денеска во интервју за „360 степени“ претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање со кого е поврзан Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за грозоморните убиства.
-Не знам чија креација е Палевски, меѓутоа знам кој на мене ми правеше гилотина минатата година во јули пред Собрание, кој на мене ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада, кој организираше фрлање на молотови коктели врз МНР, кој ја организираше толпата која што сакаше да влезе во зградата на владата при усвојувањето на европскиот предлог. Кои луѓе беа таму, се сеќавате. Таму беа и тој Палевски што го спомнувате, таму беше и претседателот на Левица, таму беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку пати укажував дека има странски агентури кои што го финансираат тоа. Ако е нечиј тој Палевски тогаш е на тие што цела година тоа го организираа, рече Ковачевски.