Главниот обвинет за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски, повторно бара изземање на обвинителите кои го застапуваат обвинението, Жаклина Јосифовска и Ана Стојковиќ, и за шефот на скоспкото ЈО, Гаврил Бубевски заради пристрасност.
Тој смета дека обвинителите дозволиле да се фалсификува доказ -телефонска анализа, со кои подоцна лажно сведочел сведокот Ерол Османи. Сведокот тврдеше дека Палевски требало да дојде на 27 на денот на убиството на девојчето кај него дома да му го поправи парното, но дошол следниот ден и се задржал до пладне. Палевски објаснува пред судот дека во тој период не бил кај сведокот туку водел поткаст, за што читаше пораки и слики.
Тој тврди дека се манипулира и со неговите податоци и разговори од базните станици.