Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски негира дека бил во бегство.
Предмалку, додека полицијата го спроведуваше, на излегување од скопскиот Кривичен суд, каде беше пред судија на претходна постапка, на новинарско прашање зошто се дал во бегство, на видео-стримот на државната МИА, се слуша како тој кратко одговори „не сум бил во бегство, не смеам да говорам поради истрагата“.
Палевски денеска првпат беше изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција.
На новинарско прашање при неговото внесување во Кривичниот суд дали ги убил Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кусо одговори дека не ги убил и дека има докази за тоа.
Порача дека нема да се брани со молчење во постапката против него.