Палевски ќе го екстрадираат веднаш откако ќе се завршат административните документи

by Fokus

Заменик министерката за правда – Викторија Аврамовска – Мадиќ во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вели дека се очекува тој да биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните процедури.

– Министерот за правда беше во посета на неговиот колега во Турција и како што беше информирана јавноста, судската постапка е завршена, се чека административните документи да завршат и очекуваме Љупчо Палевски да биде екстрадиран, рече Аврамовска – Мадиќ.

Таа не сакаше да го коментира писмото кое Љупчо Палевски преку партијата Десна го испрати до медиумите, бидејќи се што е поврзано со судската постапка може да биде погрешно сфатено во јавноста и да наштети на самата постапка.

– Не можам да го коментирам тоа, се што е поврзано со судската постапка може да биде погрешно сфатено во јавноста и да наштети на самата постапка – порача таа.

Поврзани новости