Палевски доставил барање да ангажира адвокат

by fokus

Од истражниот затвор ,,Скопје” до Кривичниот суд испратиле допис со кој го информираат судот дека Љупчо Палевски Палчо бара да ангажира адвокат.

-Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставно официјално известување за екстрадицијата на осомничениот за кој веќе е определна мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката. Судот, во рамки на Законските одредби ги издава сите дозволи поврзани со истражната постапка која е во надлежност на Основно јавно обвинитeлство – Скопје и добиените барања ги доставува до предложените адвокати за нивно понатамошно постапување, информираа од Судот.

Исто така посочуваат дека деновиве Палески ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

-Дополнително, судија на претходна постапка во координација со надлежниот Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод на осомниченото лице за негово произнесување во однос на околностите во предлогот на Јавниот обвинител за определување на мерката притвор, а за донесеното решение јавноста ќе биде благовремено известена, велат од Судот.

Палески пред два дена беше екстрадиран од Турција, а е првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.

Поврзани новости