354
Палестинците на Западниот Брег денеска стапија во генерален штрајк поради израелскиот напад на тоа подрачје и на Појасот Газа, како резултат на кој загинаа речиси 260 Палестинци, а речиси 1.800 беа повредени.
На територијата контролирана од палестинската управа затворени се сите компании, универзитети и банки, пренесува WAFA.
„Оваа демонстрација на единство и солидарност низ Западниот Брег испраќа силна порака дека палестинскиот народ нема да стои со скрстени раце пред континуираната израелска агресија“, соопштија од палестинските власти.
Милитантната група Хамас вчера изврши напади врз Израел во кои загинаа најмалку 300 луѓе, а повеќе од 1.800 беа ранети, по што израелските сили почнаа со напади врз Појасот Газа.