Палестинците се враќаат дома по договорот за мир во Газа

by vlatko 18:39
18:39

Илјадници раселени Палестинци пешачат низ руините на Газа за да се вратат во своите домови, откако стапи во сила прекинот на огнот, а израелските трупи почнаа да се повлекуваат според договорот за завршување на војната.

Првата фаза од планот на Доналд Трамп им дава на израелските трупи 24 часа да се повлечат од урбаните средини, иако тие ќе продолжат да држат повеќе од половина од Газа.

Во телевизиско обраќање, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека израелските сили остануваат во Газа за да се осигурат дека Хамас е разоружан, на што групата досега не се обврзала.

Вооружени припадници на Хамас се распоредија на улиците на Газа во областите од кои што се повлекоа Израелците за да го пополнат безбедносниот вакуум, бидејќи сѐ уште не е решено кој ќе управува со енклавата.

Планот на Трамп предвидува формирање на меѓународни стабилизациски сили, веројатно составени од арапските и муслиманските земји, кои ќе ја поддржуваат палестинската полиција.

Слични вести