Палестинскиот претседател незадоволен дека повторно ќе работи со Нетанјаху

by Fokus

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека мандатарот за состав на нова влада во Израел, Бенјамин Нетанјаху, „не е човек кој верува во мир“ со Палестинците, но дека ќе биде принуден да „има работа со него“.

– Го познавам Нетанјаху, соработувавме многу од 1990-тите и тој не е човек кој верува во мир. Но, немам друг избор освен да имам работа со него, изјави Абас во интервју за египетската информативна мрежа Ал Каиро, пренесоа денеска израелските медиуми.

Поврзани новости