Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја откажал планираната средба со американскиот претседател Џо Бајден по нападот врз болницата во Газа, јавија повеќе светски медиуми. Средбата требаше да се одржи утре, во Јордан.
Абас требаше да им се придружи на јорданскиот крал Абдула Втори и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси на самитот во Аман каде што со Бајден требаше да разговараат за војната меѓу Израел и Хамас.
– Претседателот е многу лут по веста за израелскиот масакр во болницата во Газа и реши веднаш да се врати во Рамала – рекол еден палестински функционер, кој сакал да остане анонимен, бидејќи откажувањето не е официјално соопштено.
Најмалку 500 лица загинаа откако ракета падна врз болницата Ал Ахли во Газа вечерва. Палестинските власти го обвинија Израел за нападот, додека изралската армија рече дека го испитува случајот.